Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.237 и има околу 670 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 515 лица.
„Бројот на приеми во ковид-центрите во Скопје во изминатите денови е стабилен и, утрово, до 8 часот, имало 190 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места“, соопшти Министерството за здравство.