14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Италија: Загина 14 месечно бебе од Македонија

Голема трагедија му се случила на семејство од Македонија, кое живее во Италија. Како што информира 24 Инфо 14-месечно бебе паднало од балкон од втора крат во местото Понте Гардена во Италија.

Четиринаесетмесечното бебе во петокот во околу 19 часот паднало од балконот на вториот кат од зградата во која живееле. Бебето паднало од висина од околу десет метри пред влезот во зградата. Карабиниери, пожарникари, лекари и екипа за итни случаи интервенирале на самото место. Детето веднаш било качеон во хеликоптер со кој било пренесенп во болницата во Болцано. Таму лекарите му пружиле прва помош, но повредите биле премногу сериозни, па детето со хеликоптер било транспортирано во Клиничкиот центар во Верона. Битката со времето била залудна, тамошниот медицински персонал и покрај сите напори не успеал да го спаси животот на детето.

Како што пишуваат италијанските медиуми најверојатно мајката ќе биде обвинета за негрижа зошто дозволила бебето само да биде на терасата.

Локалните власти ќе обезбедат и психолошка поддршка за семејството.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.