24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/архива
МАКЕДОНИЈА

Наместо во изолација, позитивен на Ковид-19 заминал во Германија, казнет е со 2.000 евра

27-годишен жител на Врапчиште, кому од 15 февруари со решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација како лице позитивно на САРС-КОВ-2, на 17 февруари не бил затекнат во својот дом.

Полициските службеници, кои извршиле проверка, констатирале дека заминал во Германија.

Поради ова, Основното јавно обвинителство Гостивар поднело предлог за издавање казнен налог против ова и уште едно лице од истото место за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниви според Кривичниот законик.

Според надлежните, вториот жител на Врапчиште, кој е на возраст од 42 години, не го почитувал полицискиот час и за време на важечката забрана се движел во Гостивар, без да поседува дозвола.

Јавниот обвинител му предложи на Основниот суд Гостивар за двете лица да определи парични казни од 100 дневни глоби.​