Информираме дека Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика на 19 април изврши вонреден инспекциски надзор во Собранието на Република Северна Македонија во врска со спроведување на мерките, протоколите и препораките за заштита од КОВИД – 19, по што достави Записник до Собранието, велат од Кабинетот на Претседателот на Собранието, Талат Џафери во соопштението кое го пренесуваме интегрално:
Инпекторите извршија увид во работните простории на Собранието / Су + Пр+ К3+ Пк/. канцеларии, на ходници, лифтови, помошни простории, влезови/излези во кои работат вкупно 264 вработени и го констатираа следново:
Во однос на одредбата за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце, безконтактни станици на истакнати места во работната средина со пристап за сите вработени, посетители, заедно со информативни материјали за промовиране на хигиена на рацете
Во однос на респираторна хигиена на работните места има на располагање доволно заштитни маски за лице, кои ги носеа сите вработени и на видно место се истакнати промотивен материјал за носење заштитна маска на лицето како и упатство за нивна правилна употреба Во однос на физичко дистанцирање воведени се мерки за одржување на растојание помеѓу луѓето и избегнување на директен физички контакт со други лица, строгa контрола врз надворешниот пристап на влез и движење во објектот и контакти во насока на одржување на ред и физичка дистанца (обележување ознаки на подот и сл.), како и за физичкото растојание помеѓу работните позиции и сали, во заедничкиот простор/ влезови, излези, лифтови, остави/скали/ каде што може да дојде до собирање или редици на вработени или посетители Применета е ротација во организацијата на работата, работа од дома, примена на оn line платформи за семинари и состаноци и сл
Се спроведува редовно чистење и дезинфекција на работната средина со ангажирани надворешни правни субјекти
Се спроведува редовно информирање и комуницирање со надлежното Министерство за здравство, Комисијата за заразни болести, потоа се дисеменираат информации, акти, одлуки известувања од страна на работна група до сите раководители на сектори со цел
спроведување на истите за превенција од Covid 19 Мерењето на температурата се врши на влез во објектот
Се почитуваат стандардни оперативни процедури за управување со лице кое ќe ce разболи на работното место, со постоечката медицинска амбуланта со потребен медицински кадар во состав на Собранието /изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција/ и се почитуваат епидемиолошките проценки за примена на домашна изолација на лица кои биле во контакт со заболен Редовно се води евиденција за заболени лица од Covid 19
Во поглед на користење на мерките за ослободување од работа за одредени категории на вработени, во моментот на надзор отсутни се 4 вработени по основ бремени жени
Од страна на Собранието беа приложени следниве документи кои што се поврзани со одржувањето на пленарните седници спред протоколите за заштита од КОВИД – 19:
1. Решение за формирање на работна група за подготовка, реализација и организација на Конститутивна седница потпишано од генерален секретар на (арх. бр. 02-2141/1 од 22 јуни 2020 г.)
2. Протокол за организирање на Конститутивна седница поптпишан од членовите на Работната група (арх. бр. 02-2342/1 од 30 јули 2020 г. )
3. Барање за промена и дополнивање на Протоколот со арх. бр. 02-2342/1 до Комисија за заразни болести при Министерство за здравство потпишано од Претседателот Џафери (арх. бр. 02-2342/2 од 13 ноември 2020 г.)
4. Дополнение на Протоколот бр. 02-2342/1 од 30 јули 2020 г. За спроведување на гласање за пратеници кои се наоѓаат во домашна изолација потпишано од потпишано од Претседателот Џафери ( арх. бр. 09-2342/3 од 17 ноември 2020 година)
5. Одговор на доставено предлог дополнување на постоечки протокол потшишан од Прим. д – р Жарко Караџовски, Комисија за заразни болести (арх. бр. 02-2342/4 од 18 ноември 2020 г.)
Во записникот се наведува дека при надзорот извршен на ден 19.04.2021 година не се констатирани неправилности. Мерките предвидени со наведената регулатива се во целост обезбедени од страна на Собранието на Република Северна Македонија. Со ова Соопштение и појаснуваме на јавноста дека Претседателот на Собранието и Службите целосно ги следат протоколите за работа и дека седницата одржана на 18 април беше свикана, одржана и завршена со доследно следење на сите протоколи.
Нагласуваме дека како и до сега, Собранието работи целосно транспарентно и е отворено за сите прашања од претставниците на медиумите.