Од вчера на социјалните мрежи беше објавено вознемирувачко видео на кое 12-годишно девојче од Велес е жртва на врсничко насилство.
Додека таа низ солзи моли за помош, нејзината врсничка ја кубе за коса, ѝ удира боксови сѐ додека не се појават возрасни минувачи кои се вмешуваат да ја спасат. Наместо да ѝ помогнат, останатите девојки кои се во нејзина близина го снимаат целиот настан и се смеат.
12 годишно девојче од Велес нападнато од својата врсничка додека бара помош од својата мајка по телефон, а останатите нејзини врснички снимаат и го подржуваат насилството !!! @o_spasovski pic.twitter.com/AA2Ol4vErK
— ВИЌО ИНСПЕКТОР (@VikoInspektor) April 20, 2021