25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за струмичанец фатен со дрога на патарината Миладиновци

Против 43-годишен струмичанец скопското обвинителство поднесе обвинителен акт.

Ова лице, како што информираат од таму, се товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниви по Кривичниот законик.

На 2 април, на наплатната рампа Миладиновци кај Скопје, обвинетиот се возел како сопатник во автомобил „мерцедес“, а кај себе неовластено за продажба држел 10,27 грама хероин. Дрогата, спакувана во две полиетиленски пакувања, ја пронашле овластени службени лица, кои веднаш ја одзеле.

Надлежниот јавен обвинител достави до Основниот кривичен суд Скопје предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​