395 возила на територијата на цела држава вчера биле санкционирани поради тоа што возеле над дозволената брзина, известува МВР.
Од нив, 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови информира МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.