На 19.04.2021 во 14.12 часот на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд фиеста“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(49) од Битола, излетало од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(51) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.