На 19.04.2021 во 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на автопат Миладиновци – Штип, во близина на надвозникот за с.Криви Дол, патничко возило „бмв 320“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(22) од Скопје излетало од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А.(24) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот и уште тројца сопатници А.Б.(21), С.А.(24) и З.Е.(22), сите од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.