Сакам да најавам дека во вторник на владина седница владата ќе предложи нов пакет мерки за оние кои се погодени од кризата и понатаму да имаат помош. Ние нема да прифатиме уцени кога треба да испорачаме пари за граѓаните, во оваа тешка економска и здравствена криза, парите ги чекаат лозари, тутунари, спортски клубови, занаетчиите, ивент индустријата, сите погодени, и тие не може да се заложници на опозицијата и на еден човек. Имаме целосно екипирана коалиција која цврсто стои зад граѓаните, мерките и политиките мораме да ги носиме брзо, и овој неодговорен пристап, суетен пристап, граѓаните не го прифаќаат. И порано, како и сега, многу време се потроши на договорање, но договорите не се почитуваат од страна на опозицијата, тие доаѓаат да се потпишат и да земат патни трошоци.“- изјави Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, во вестите на Сител.