Социјалдемократите се подготвени на потполно нов приод во работата на Собранието, ако на утрешната седница опозицијата не сака да учествува и да помогне во обезбедувањето на потребниот кворум за работа и за донесување на петтиот пакет антикризни мерки.
Оттаму се надеваат дека постигнатиот договор на нивниот лидер Заев со Села и со Гаши за Законот за државјанство ќе придонесе за нормализирање на работата на Собранието, но доколку тоа не се случи, тогаш навестуваат дека ќе бидат принудени, пратениците од мнозинството кои се болни од ковид да бидат донесени во салата и да учествуваат во работата со скафандери.
Сепак, се надеваат дека конечно ќе преовладее разумот и такво сценарио нема да биде потребно. Велат дека антикризните мерки се за доброто на граѓаните и не можат да ги разберат мотивите на ВМРО-ДПМНЕ, да ја блокираат помошта на оние кои во моментот таа им е неопходна.
„Граѓаните и компаниите во овие тешки моменти предизвикани од ковид кризата чекаат помош за да опстанат фирмите и за да ги зачуваат работните места. Затоа, ќе направиме се што е потребно и се што е можно за да се донесат законите поврзани со петтиот пакет. Граѓаните треба да знаат. Опозицијата прави се за помошта да не стигне кај граѓаните. Ние правиме се за помошта да стигна кај граѓаните. На крајот, граѓаните ќе бидат победници. Парите на граѓаните мора да стигнат кај нив“, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ“, вели Јован Митрески
Тројца пратеници од власта се позитивни на ковид, а неофицијално, утре од изолација излегува еден од нив. Петтиот пакет мерки е донесен од Владата на 21 февруари и тежи 190 милиони евра. Само со првата мерка се предвидува поддршка за плати за вработените во вистина од 1 милјарда 520 милиони денари за месеците февруари и март 2021 година со опфат од околу 60.000 работници месечно.
извор: 360степени.мк