25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Ги следиме светските трендови- ќе имаме аудио учебници, дигиталните алатки децата паметно ќе ги користат

„Новиот систем за образование и новата концепција за образование, која што скоро беше донесена и новите програми предвидуваат и современ концепт на учебници и тоа беше најавено во самата концепција. Законот како што знаете за учебници е интересен заради тоа што овозможува монопол и монополски договори со неколку компании кои што печатат учебници во моментов, но за нас е значајно прво да обезбедиме во новиот закон можност за избор од прво до трето одделение учебниците се во печатена форма за да учениците развијат однос кон книга. Тоа е значајно за нивниот социјален и емотивен развој, од друга страна, над четврто одделение тие и онака веќе се интересираат за дигиталните алатки и тие живеат и растат со дигиталните алатки, но ги насочуваме да ги користат и за корисни работи.“- изјави министерката за образование, Мила Царовска, во вестите на Сител, објаснувајќи ги измените во Законот за учебници кои пред неколку дена поминаа на владина седница.

„Светот од 2011 година почнува да ги трансформира книгите од печатени кон електронски, ние сега фаќаме чекор со тоа и дополнително, не само што имаат избор наставниците да изберат кои книги ќе ги користат дополнително за прв пат учебниците се инклузивни. Во законот се предвидуваат аудио книги за секоја книга која што ја имаме и во харт копија од друга страна министерството зема обврска да ги печати и на Браево писмо што значи дека за децата со оштетен вид ќе може да се обезбедат учебници.“- дополни Царовска.

Таа посочи дека онаму, каде што на почетокот ќе нема можност за електронски книги, дека ќе може учебниците да се испечатат.

„Ние сме во процес на транзиција и осовременување на образованието затоа и законот го зема тоа во предвид и вели секаде каде што имаме можност користиме дигитални учебници за да учениците кои што немаат уреди електронски училиштето има обврска да ги испечати учебниците и да им ги даде, затоа што сега веќе не се заштитени авторските права, па да морате од купен учебник да учите, го добивате учебникот на е- верзија но тој може во училиштето да биде испечатен и да биде дистрибуиран до учениците и родителите кои што имаат потреба од тоа.“- изјави Царовска.