Под влијание на циклонска активност во јужните делови од Балканскиот Полуостров од денес попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа).
На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено утре и во понеделник.
Прогноза за 18.04.2021
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Променливо облачно, во утринските часови со повремени врнежи од дожд, а попладне на места нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 19.04.2021
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 9°C до 17°C
Oблачно со врнежи од дожд, на планините со повремен снег. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во источните делови од земјава.
Прогноза за 20.04.2021
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 19°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец.