Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

128 казни за мотоциклисти низ целата држава, 34 возеле без дозвола

Сообраќајната полиција вчера (15 април) на територијата на целата држава спровела контроли за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите.

Како што информираат од МВР, во акцијата биле санкционирани 128 возачи.

Од нив, 34 возеле без возачка дозвола, 69 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Од сообраќајната полицијата посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Целосно ќе ја разобличиме криминогената власт на ДПМНЕ и ЗНАМ

ДЕСК

Филипче: СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија

ДЕСК

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.