Попладнево се случи скандал во сообранието. Имено, откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и по неколкуте повици од спикерот Џафери не се врати на своето место, туку стоеше во близина на пратеничката на СДСМ Даниела Маркоска која доби збор за процедурално обраќање од собраниската говорница, интервенираше и обезбедувањето.
Низ собраниската сала се слушаше удирање по маси и свирежи од свирчиња од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Инцидентот се случи откако меѓу пратениците од власта и од опозицијата паднаа тешки обвинувања за тоа во чие време криминалот бил поголем а криминалците помногубројни. Според СДСМ, претходниот состав на ВМРО-ДПМНЕ под притисок на меѓународната јавност гласале за Законот за борба против корупцијата. Според Мицевски, пак Законот за спречување на корупција е привот закон кој е донесен со двотретинско мнозинство, а гласале и за членовите на ДКСК.
– Како кординатор на пратеничката група и пратеник кој што бил во претходниот мандат во составот на парламентот кој што го донесуваше овој закон за ДКСК, како и координатор во времето кога е гласаше таа комисија и кој даде претставник во изборот на кандидатите во кој што учествуваа во евоулацијата на претседателката на комисијата и на членовите на ДКСК, морам да констатирам дека се изнесуваат за неточни факти затоа што Законот за формирање на ДКСК е првиот закон кој се донесе со двотретинско мнозинство кој што гласаа „за“, вклучувајќи ги и пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од изминатиот состав. Исто така и при изборот на Комисијата учествувавме и со наш претставник кој што ги евалуираше кандидатите и изборот беше направен заедно од сите пратеници од ова собраниеи. Тоа гласање и тој избор беа една добра основа за сите извештаи кои во тој период ги добивавме како држава. Самото влегување во НАТО е поттик и услов, една од работите кои беа заедно завршени, и за што претходниот состав на парламентот беше пофален, е токму двотретинското гласање, рече Мицевски.
За координаторот на СДСМ Јован Митревски лага е дека пратениците од минатиот состав гласале за Комисијата.
– Еве го стенограмот, листингот за изборот на членовите и претседателката на ДКСК. Да не ги бројам пратениците од минатиот состав ќе ги кажам од овој, Никола Мицевски воздржан, Благица Ласовска воздржана, Ане лашковска воздржана, од овој пратнеички состав. Гласавте за или воздржано, еве стенограм од говор на координатор на пратенипчка група, затоа што искажува неточни работи , ја користите говорниците , ама за среќа се водат и стенограми барем во Собранието. За политички криминалци и за се може да зборувате колку сакате, јавноста ќе цени, Тој кажа дека како пратеници од опозицијата тогаш гласале за оваа Комисија, Лага е , одроварам на процедурално рече Митревски.