Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Учениците од четврто до деветто и од средно ќе користат дигитални учебници

На вчерашната владина седница утврдена е содржината на предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование од кој се очекува да се подобри квалитетот на учебниците во основното и средното. Се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината за да се спречи влез на дискриминирачки содржини. Се обезбедува дигитализација и пристапот на учебници за лицата со оштетен вид.

Од прво до трето одделение учениците ќе користат учебници во печатена форма, а од четврто до деветто одделение во основното образование, како и учениците во сите години од средното образование ќе користат учебници во дигитална форма и наставен и дидактички материјал во електронска форма.

Можеби ќе ве интересира

„Влен“: Партијата Левица е „сламката за спас“ на Ахмети, Села и Таравари

C +

Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид

C +

Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!

ДЕСК