,,Во решението на Комисијата се уште стои дека не треба да се објавуваат имињата на овие луѓе. И владата, правејќи го тој ,,тест’’ на штетноста увиди дека има голем јавен интерес и штетата кон лицата е помала во однос на значењето на јавниот интерес, затоа што тоа се јавни пари. Инаку прашањата од новинарот во врска со хонорарците пристигнаа кон крајот на март, и ова јавноста треба да го знае, така што релативно брзо се заврши целата постапка. Во моментот кога стручните служби првично дале одговор на новинарот, процениле дека и делата за кои се ангажирани не треба да се споделат со јавноста. Затоа и направивме консултации со двете надлежни институции. Јавноста треба да знае и еден друг аспект на јавниот интерес, сите овие ангажирани лица се граѓани на РСМ, нив не ги штити законот за работните односи, а во ова поларизирано општество, овие луѓе се потенцијална мета затоа што во минатотот сме имале такви искуства. За понатаму да се линчуваат од разни центри и ботови.Не го заслужуваат тоа, затоа што дадени им се професионални задачи кои ги извршиле во целост. И сега, со давањето на нивните лични податоци тие се изложуваат во јавноста. Тоа е повреда на приватноста. Мора и овој аспект да се има предвид кога разговараме за темата.
Овие лица од некои центри поинаку се претставуваат од тоа што се. Се нарекуваат предавници, често сме имале случаи каде што им се упатувале закани, што е недозволиво.
Затоа од понеделник, преку Законот за пристап до информации, сите новинари ќе имаат можност да ги добијат овие податоци. ‘’- изјави порпаролот на Владата, Душко Арсовски во емисијата 360 степени на Алсат.