14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ организира “корона-собир” во сабота, ќе протестираат против Филипче и високиот број на починати

Корона протест со физичко присуство организира ВМРО ДПМНЕ во сабота во 11 часот.

Симптоматично е што протестот се организира во ек на најсилниот трет бран кој пустоши низ Балканот и Европа, а секаде се бројат многу мртви и новозаразени.

ВМРО ДПМНЕ всушност ќе протестира против Министерот за здравство Венко Филипче и големиот број на починати од коронавирус.

„Над 4.000 луѓе ги загубија животите, додека нашата власт не успеа да набави ниту една вакцина. Филипче и Заев се директно виновни за целиот хаос кој што се случува во болниците, со заболените, со починатите и нивните фамилии.

Ова е огромен срам. Срамот треба да се измие. Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе протестира во сабота во 11 часот пред изворот на проблемите, Министерството за здравство.“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Здравствените експерти речиси во секоја прилика велат да не се прави групирање и да се почитуваат мерките, бидејќи така заразата се шири. Ова не е прв протест кога има премногу заразени. Буквално ВМРО ДПМНЕ во сите бранови организираше митинзи, собири, коронапротести и тоа кога имаше кулминација на број на заразени и починати.

*фотографијата е од протест, организиран од ВМРО ДПМНЕ, минатата година за време на пандемијата од ковид 19

Можеби ќе ве интересира

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.