26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Филипче: Во Србија има преставништво на „Фајзер“ па можно е тоа да ги забрза работите за набавка на вакцини

– Ние ги чекаме информациите од повеќе механизми и произвеодители, од повеќе механизми, според најавата и вакцините на „АстраЗенека“ преку „Ковакс“. Фајзеровите и кинеските ги очекуваме до крајот на месецот и сите овие системи кои сега функционират во делот на вакцинирање на постари лица и во делот на критичната инфраструктура ќе добијат дополнинелни дози, рече Филипче одговарајќи на прашање кога ќе стигнат уште вакцини.

Филипче вели дека можеби Србија има поголемо количество на бидејќи има претставништо на Фајзер во нивната земја.

– Србија е специфичен пример, можно е тоа што е единствена замја во регионот која што има претставништво на „Фајзер“ ги забрза работите во стигнување на вакцина за толку кратко време во споредба со другите земји во регионот, рече Филипче.

Со вакцините на Спутник дневно се вакцинираат околу 2000 луѓе на ден, што значи дека остануваат уште 7000 вакцини и повтори дека 20 проценти не се појавуваат на вакцинирање.