Навраќајќи се на акцијата во Грчец која изминатите денови беше спроведена од надлежните органи од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека истата била најавена, со, како што велат, фанфари, а завршила како издишан балон.
„Наркобосовите се на слобода, има челници во бегство, а постапка има за неколку улични дилери. Спасовски да каже кој ја пробил акцијата. Информации за акцијата немаат сите полицајци. Детали имаат лично тој и директорот на БЈБ и уште неколку началници. Тоа значи дека кртот е во врвот на МВР или над него. Дали дружењето на Спасовски со тие криминални структури и луѓе блиски до нив, за што видовме докази во вид на фотографии објавени на социјалните мрежи, се причина зошто наркобосовите се на слобода?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие бараат одговорност.
„Спасовски може да крие сега, но ќе дојде ден наскоро кога сш ќе се извади јавно, а тогаш нема бегање, ниту криење. Тогаш ќе има одговорност. Часот чука!“, потенцираат од опозициската партија.