Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Од ковид починаа 300 лица за една недела, а Филипче вели сѐ е под контрола

Триста починати од Ковид-19 за една недела и уште 60-тина слободни кревети во болниците, а министерот за здравство, Венко Филипче, вели сè е под контрола, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.

„За една недела имаме речиси 9.000 заразени. Четири пати повеќе отколку што Филипче предвидуваше за цела пандемија.

Секој ден е буквално нов пик и за починати и за заразени. Ситуацијата е одамна излезена од контрола.

Филипче е неспособен да набави вакцини. Веќе четврти месец нема вакцини. И тие вакцини кои пристигнаа се донации.

Филипче е директно одговорен заедно со Заев за сите починати од први јануари до сега, да имаше вакцини, голем број од нив ќе беа спасени.

Ситуацијата е очајна во целост. Пациентка умре затоа што во болница немаше кој да ѝ даде кислород, луѓе примаат инфузии во дворовите од болниците, а живи лежат до мртви и примаат терапија.

На целиот овој крах, го прашуваме Филипче како не му е срам да дава изјави и да тврди дека сè е во ред? Наместо да смислува изговори, нека си даде оставка веднаш“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ: Нарушен јавен ред и мир

ДЕСК