14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

8 автобуси завршија на вонреден технички преглед во Охрид

На 31.03.2021 на подрачјето на СВР Охрид биле извршени сообраќајни контроли, при што полициските службеници во Охрид санкционирале 8 возачи поради неправилно паркирање на моторно возило, а на вонреден течнички преглед упатиле 8 автобуси, при што кај 1 автобус бил констатиран неисправен уред за запирање. Во Струга, се контролирани 28 автобуси и санкционирани 9 возачи поради неправилно паркирани моторни возила. Полициските службеници во Кичево евидентирале 1 возач кој бесправно управувал моторно возило, а во Дебар санкционирани се 1 возач кој управувал технички неисправно моторно возило и 1 возач кој поседувал сообраќајни документи со измината важност.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +