Кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, најостро реагира на лажните написи на интернет порталот “Лидер” со наслов “ПОЛИТИКА, ПАРИ, ШВЕРЦ: Зелената куќа во Крива Паланка од која се раководи шверцот на тутун” со кои пропагандни структури се обидуваат да ја компромитираат и да ја попречат борбата против корупцијата.
Вицепремиерот Николовски демантира било каква поврзаност со наведените субјекти и чинители и ги повикува сите граѓани, сите медиуми и сите со каква било информација за нерегуларности за увоз на тутун веднаш да пријават се што имаат до знаење до полицијата и до царината.
Спротивно на манипулациите на “Лидер”, во февруари 2021 година, Царинската управа спроведе акции за заплена на нелегален тутун и целосно разоткрила потенцијален шверц со тутун, за што е поднесена и соодветна кривична пријава. Тоа се случи уште на почетокот на месец февруари, пред овој случај да биде објавен од ВМРО-ДПМНЕ и од порталот којшто денес се повикува на лажни тврдења од опозициски партии.
Да сумираме, неселективно и одлучно, институциите излегоа и констатираа наоди, со соодветни кривични пријави.
Не е само овој случај и не е само оваа акција, запленети се 146.278 килограми тутун, внесен во државата како необработен и пуштен незаконски во промет. Поднесени се кривични пријави по основ на неплатена акциза од близу 5 милиони евра.
Владата сериозно се занимава со спречување корупција и шверц и токму поради тоа, ги повикува лицето Љупчо Златев и порталот Лидер, веднаш да ги пријават сите информации кои докажуваат или укажуваат на каков било евентуален шверц со тутун.
Златев и “Лидер” најпрво имаат обврска да го објават овој демант и да се извинат на вицепремиерот Николовски, за дезинформирањето со кое имаа намера јавноста да ја доведат во заблуда за лажна и непостоечка врска на Николовски со наводен шверц на тутун. Во спротивно, за изнесените клевети и лаги, ќе следат соодветни судски тужби.