При извршен претрес во куќа и помошни простории во Чаир, пронајдена е поголема количина оружје. Приведен е сопственикот на оружјето.
Акцијата е спроведена од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, СВР Скопје – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи и Агенцијата за национална безбедност, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје.
„ При извршен претрес во негов дом и помошни простории на подрачјето на општина Чаир, кај пријавениот се пронајдени рамка од автоматска пушка со 30 куршуми 7,62×39мм, ловна пушка “Fabran“, пумпарица „SDASS“ кал.12/76мм, полуавтоматска пушка од југословенско производство кал.7,62мм и осум ловни патрони“ соопшти МВР.
И.А.(47) е приведен и задржан за понатамошно постапување и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.