26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: До крајот на март се очекуваат кинеските вакцини

До крајот на март се очекуваат следните вакцини, со кои ќе бидат опфатени следните групи на граѓани, а кои се согласно планот за имунизација на населението, најави денеска од Богданци, премиерот Зоран Заев.

-Ги очекуваме кинеските вакцини можно е да стигнат, лично се надевам дека дополнително ќе ни помогне кинеската Амбасада и нашите врски со Кина, за да може тие 200000 вакцини, кои се нарачани, потпишани протоколи да стигнат до крајот на месецот. Затоа што го чекаме и во посета кинескиот министер за одбрана, па би било сходно да направат дополнителни напори да стигнат вакцините од Кина, истакна Заев.

Забележа дека рускиот Амбасадор и министерот за здравство, Венко Филипче се целосно посветени за обезбедување на следните количини на руската вакцина „Спутник В“, а што се однесува за нарачаните вакцини од ЕУ, Заев вели дека добиле насоки да се направат промени во Законот за обезбедување на гарантен фонд во земјава, за евентуални последици од вакцините за да може да се забрза постапката и од ЕУ.

Прашан за вакцината АстраЗенека, за која голем дел од европските земји ја стопираа вакцинацијата и дали очекува и во нашата земја населението да има отпор, а од друга страна со вакцинацијата со кинеската и руската вакцини засега граѓаните не можат да патуваат во земјите во ЕУ, Заев со одговор дека ставот на здравствените работници, но и на политичкиот врв е дека сите вакцини, кои се потврдени од соодветните здравствени институции се, како што вели, здрави.

-Ако кинеските вакцини се здрави за граѓаните на Кина, се здрави и за нас, исто така и руските, исто така и европските, исто така и американските вакцини. Впрочем ние имаме нарачано од сите вакцини, а она што досега го знам е дека таа тема на дебата за „АстраЗенека“ е веќе отсранета, иако во поново време пак се појавува во некоја земја. Европската здравствена институција за лекови треба денеска или утре да има став за тоа. Така што нема да се дозволи во нашата земја ништо што е барем со промил ризик да биде употребено, вели Заев.

Тој ги повика граѓаните да се пријавуваат на апликацијата на Министерството за здравство за вакцинирање, бидејќи како што рече само на тој начин може да ја победиме пандемија. Во земјава досега се пристигнати околу 11.000 вакцини, со кои првично се имунизираат здравствените работници. Посочи дека зголемувањето на бројот на заразени граѓани со коронавирусот е согласно и со непочитувањето на мерките.

-Во моментот и кај нас и во земјите каде што има масовна вакцинација бројките се зголемуваат за жал, и доминатно според извештаите од Здравствената комисија, тоа е заради непочитување на мерките за лична заштита, односно олабавување на одговорноста од страна на граѓаните во делот на носење маски, дезинфекција, бегање од групи, дружби, вели Заев.