Времето утре ќе биде променливо облачно и студено време со сончеви периоди и претежно на планините повремено ќе провејува снег, јавува УХМР.
Преку ноќта кон петок, од југозапад ќе се прошират врнежи кои понекаде и на пониските места ќе бидат од снег.
Утринските температури до петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата, а потоа малку ќе се покачат.
Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег, ќе започне во сабота.
Минималната температура ќе изнесува -5 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне до 14 степени.