Спасовски: Исплатена бонус плата на 1881 вработен во МВР
Денеска е исплатена бонус плата за 2018 година, право кое го оствариле 1881 вработен во МВР. Вкупно се платени 50.736.213 денари, а поединечен износ на бонусот иснесува 24.276 денари, соопшти Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.