12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Одложено судењето за организаторите на крвавиот четврток

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, што требаше да се одржи денеска, е одложено за 5 март, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.

„Поради интерес на медиумите и невладините организации што ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април 2017 година, а кои се случија во Собранието на РСМ, ја информираме јавноста дека денешната расправа се одлага со оглед дека е насрочена расправа за предметот К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај селото Ласкарци, каде што постапува ист судија – член на судечкиот совет“, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на судот.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: СДСМ се враќа и СДСМ ќе победи!

ДЕСК

(ФОТО) Заев присуствуваше на народниот митинг на СДСМ во Струмица

ДЕСК

Ристо Спасов: ДПМНЕ камен не фрли во Радовиш, време е за урбана општина со затворен базен, градинка, зеленило

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.