24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Затворен угостителски објект во гостиварско, работел по дозволеното време

На 27.02.2021 во 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле контрола во угостителски објект во с.Балиндол, гостиварско, сопственост на И.Б.(49) од с.Балиндол. При контролата, во објектот, покрај сопственикот, биле затекнати уште три лица – гости.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот, против И.Б. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.