17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ужас во Скопје: Четворица тинејџери се тешкo повредени во сообраќајна несреќа во Визбегово

Автомобил и два мотора се судрија синоќа во Визбегово, пришто со тешки повреди во болница завршија четири млади лица кои немаат ниту 20 години, а се превезувале со моторите.

Во несреќата учествувал автомобил управуван од Н.Х.(26) од Скопје.

Со едниот мотоцикл управувал Ј.З.(18), а со другиот 16-годишник – двајцата од Скопје. Тие биле во друштво на сопатници на возраст од 19 и 15 години. Четворицата со тешки телесни повреди се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

C +

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

C +

Манасков: Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

C +