16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Седумнаесет години од смртта на Борис Трајковски

Денеска ќе биде одбележана 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата.

Претседателот Стево Пендаровски ќе положи венци со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на неговата делегација на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Делегации од кабинетот на претседателот ќе положат свежо цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимле, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, и на гробот на еден од членовите на делегацијата во Велес.

Борис Трајковски заедно со осумчлената делегација трагично загина во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година во Ротимле во близина на Мостар.

Можеби ќе ве интересира

Безбедносните служби не се играчка: Филипче го предупредува Мицкоски да престане да ја злоупотребува државата за политичка драма

C +

Филипче: Мицкоски злоупотребува безбедносни институции за да ги прикрие кризите, ова е преседан

C +

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

C +