Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција за случајот со Сашо Мијалков.
„Крими-коалицијата Сашо Мијалков-Зоран Заев го урива системот. Мијалков од Србија преговарал со Заев, а Заев лаже дека Мијалков не го напуштил Скопје. Доколку е така, зошто е распишана национална, а потоа и меѓународна потерница? Заев ја претвори државата во тезга“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму прашуваат: „Доколку Мијалков бил во Скопје, тогаш зошто МВР не извршила претрес во станот или куќата каде што бил сместен Мијалков и што нашле таму?! Што крие Заев и дали мисли дека јавноста верува во приказните за качување и симнување на температура“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија идната година, како што велат „наместо на 111. би била на 150. место“ по стапката на корупција.
„Македонија тоне во корупција. Со Заев никогаш нема ниту да излезе“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.