„Мнозинството во Собранието и владината коалиција функционираат стабилно“, велат од владеачката СДСМ и додаваат дека се посветени на реализација на програмата што е во интерес на сите граѓани.
Соопштението на СДСМ следи по вчерашната одлука на ЛДП која соопшти дека ќе има самостоен настап во Парламентот и јавноста.
„ЛДП има право самостојно да одлучува за својот партиски пристап кон јавноста, но тоа никако не влијае во односите на коалицијата и активностите што се пред нас“, стои во писменото соопштение од СДСМ.
„Постојаното пласирање лажни вести се само за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ“, додаваат од оваа партија.