Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка кај село Никуљане – две млади момчиња со повреди, од кои едното потешко итно пренесени во болница

На 19.02.2021 во 22,20 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Никуљане, патничко моторно возило “фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.Ж.(20) од с.Долно Којнаре-кумановско излетало од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката А.Т. (20) од Куманово констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК

Директорите на македонска и корејска Царина: Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден систем за анализа на ризик и податочен склад

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК