24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Иницијативата за собирање потписи од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи одржувањето на пописот, тој ќе се спроведе оваа пролет

По цели 19 години, државата, конечно, оваа пролет ќе спроведе попис на населението и домаќинствата, согласно сите стандарди и пракси на Евростат. Конечно, како држава да имаме целосни, прецизни и релевантни податоци кои ќе послужат за креирање на издржани долгорочни политики за развој. Добиените податоци ќе послужат како одлична база за градење на политики и мерки во образованието, здравството, социјалната и детска заштита, но и во земјоделството, културата и развојот на регионите и општините, рече на прес-конференција, Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ и претседателка на Форум на Жени на СДСМ

Државата, инситуциите, пред се Државниот завод за статистика се подготвени да реализираат успешен попис. Поддршка за потписот доаѓа од нашите стратешки партнери, ЕУ и САД. Само ВМРО-ДПМНЕ е против, се нешто бојкотира, попречува, саботира. Несериозно и крајно неодговорно.

Иницијативата за собирање партиски потписи против Законот за попис, само го зајакнува она што граѓаните веќе добро го знаат.
ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски се анти народна партија која работи против своите граѓани и против својата држава. Секој пратеник од било која пратеничка група, до Собранието може да достави предлог текст на Закон, вели пратеничката на СДСМ

Отука, јасно е дека овој потег Мицкоски е само за внтрепартиска употреба и исполнување на сопствени хирови. Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го закочи овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата, нема да успеат.

Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди, согласни сите пракси на Евростат и Обединетите Нации. По цели 19 години Државниот завод за статистика ќе спроведе попис кој ќе донесе точни и целосни податоци за населението и домаќинствата, вели Ванчевска.