Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење на заштитна маска, како превенција од коронавирусот, регистрирани се 446 прекршоци, информираат од МВР.
Од ресорното министерство воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.