Учениците – матурантите не дозволија несовесна министерка до крај да им ја уништи иднината и прифатија решение, кое нецелосно ги подржува нивните барања, покажувајќи зрелост која што недостасува кај ресорниот министер, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска беше соопштено дека постигнат е договор.
„Матурантите се соочија со бесчувствителниот, тврд став на ресорната министерка Мила Царовска, која не покажа воопшто разбирање за нив. Дополнително, учениците-матуранти беа изложени на постојан притисок од директорите од училиштата поставени повторно од власта. Матурантите протестираа и изгубија драгоцено време и енергија за на крај, сепак Владата да попушти – но не докрај да ја испочитува нивната волја“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе ги почитува младите луѓе и во нив гледа иден партнер во решавањето на младинските, но и сите проблеми во општеството.