13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи во Белград уште еднаш му се заблагодари на Вучиќ за донираните вакцини

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, работната посета на Србија, ја започна на средба со претседателот, Александар Вучиќ.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, соработката на регионален план, како и соочувањето со предизвиците од пандемијата.

Османи, воедно упатил благодарност за донираните вакцини за Северна Македонија од страна на српската Влада.

„Овој гест на солидарност, реализиран и со вашиот личен ангажман, нашата Влада, нашите здравствени институции, но и воопшто јавноста, високо го ценат“, истакнал Османи, посочувајќи дека двете држави имаат и многу добра соработка во справувањето со предизвиците од пандемијата, особено при рептријација на македонските државјани преку територијата на Србија.

Посетата на македонскиот МНР на Белград, продолжува со средба со неговиот колега, Никола Селаковиќ, претседателот на Народното Собрание, Ивица Дачиќ и со претседателката на Владата, Ана Брнабиќ.

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО ТЕМНИ ОБЛАЦИ И ДОДЖДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – Синоптичарите ја објавија четиридневната прогноза

ДЕСК

Кој пат води до ЕУ: Бојан Маричиќ од Киив — „консензусот ќе дојде, но прво треба дела“

ДЕСК

Почина пензиониран полицаец кој беше испратен во притвор поради трагедијата во “Пулс”

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.