15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се сретна со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународните секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Тимчо Муцунски, остварија средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук.

На средбата Мицкоски го информираше Ќучук за актуелните внатрешни политички случување во Македонија.

„Претседателот Мицкоски посебно се осврна на слабостите кои се идентификувани со распространетата корупција, злоупотребата на институциите и слабите резултати од областа на здравството и економијата во овој кризен период, како и ја истакна загриженоста што владата ги нарушува идентитетските прашања што се последната црвена линија за заштита на националните и државни интереси.

Во текот на средбата претседателот Мицкоски напомена дека ВМРО-ДПМНЕ останува стратешки посветена на евроинтеграциски процес на Македонија со очекување дека секој понатамошен чекор е во насока на отворање пристапни преговори кои ќе бидат на принципиелна основа и со почитување на меѓународното право и основачките договори на Европската Унија“, соопшти партијата.

Можеби ќе ве интересира

Царинска управа: Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

C +

СДСМ: Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност

C +

Утрово, нестабилно време на исток, преку денот сончево и ветровито

C +