26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за крадец од Свети Николе, расчистени две кривични дела извршени во Скопје

СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Гази Баба – Одделение за криминалистички работи Гази Баба поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против А.И.(24) од Свети Николе, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа „тешка кражба на дрзок начин“, предвидено и казниво согласно чл.236 ст.3 и „тешка кражба во обид“, предвидено и казниво согласно чл.236 вв чл.19 од Кривичниот законик, при што се стекнал со противправна имотна корист и предизвикал материјална штета.

Имено, А.И. кривичните дела ги извршил на 11.02.2021 во временскиот период од 21.25 до 21.40 часот на ул.„Трифун Хаџи Јанев“, на тој начин што одзел чанта со пари и лични предмети од оштетено женско лице, а на ул.„Архимедова“ , со употреба на физичка сила влегол во амфитетарот на Факултетот за земјоделски науки и храна, каде извршил пребарување, но не одзел предмети.

По пријавување на кривичните дела од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба на 11.02.2021 година во 22.00 часот А.И. е лишен од слобода и задржан во просториите на полициската станица каде го појаснил извршувањето на кривичните дела, а предметите пронајдени кај него се вратени на оштетената.