Реaкција на пресот на Ленче Неловска, Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров, со наслов ,, Наумовски треба да одговори дали рачното фрлање на сол за потсмев, чини над 100.000 евра ?”
Очигледно ВМРО ДПМНЕ политиката ја сфака како игра и парада на небулози и лаги. И додека комуналната екипа на Ѓорче Петров ревносно ја врши својата работа, Oпштинскиот комитет на ДПМНЕ кој обожува да се слика и на минусни температури, им се потсмева и презира.
Општина Ѓорче Петров подготвена ја дочека зимската сезона. Секоја година, на располагање се ставаат сите расположливи ресурси од човечки кадар и механизација. Општината не располага со механизација за зимско одржување. За таа цел, секоја година се објавува повик за јавна набавка за зимско одржување на улици и патишта на територија на општина Ѓорче Петров, при што се избира најповолниот понудувач.
Техничката спецификација предвидува, изведувачот да има минимална резерва на 50 тони сол и минимална резерва на 50 метри кубни ризла. Колкава количина ќе се искористи зависи од временските услови, а наплатата се врши по извршената услуга.
Изминатите 48 часа расфрлени се 32 тони сол низ руралниот дел на општината, распрскани се 12 000 литри емулзиона течност низ коловозите на територија на општината а расчистени се и снежните наноси на патот кон село Кучково.
Сите патишта во општина Ѓорче Петров се проодни.
Рачното фрлање како што тие го наракуваат за потсмев е единствен начин на чистење на снег на места каде што механизацијата нема пристап.
Реториката на ,,криминалии”, ,,пари кои завршуваат во некој џеб”, ,,розова реалност”, ,,бомбона бизнис” е само описно искжано работењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Понижувањето на работникот за сметка на себепромоција и собирање партиски аплаузи не е така заборавена работа. ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со низата капитални проекти кои се релазираат во општината какои напредокот на Ѓорче Петров.
Секоја прес конференција е само уште една нова лага на ДПМНЕ кои бессрамно покажуваат како сакааат да управуваат со парите на граѓаните.