26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е шампион во корупција

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека Македонија е европски првак во криминал и корупција, а миленикот на Зоран Заев, министерот што ги штити криминалот и корупцијата на власта, Љупчо Николовски, е најодговорен за катастрофата во сите меѓународни извештаи, стои во соопштението од партијата.

„Секојдневните скандали на власта за криминал на нивни блиски луѓе, секојдневните наместени тендери од државните институциите ја однесоа Македонија на дното на извештајот на ‘Транспаренси интернешнл’, поточно на 111. место. Токму поради невладеењето на правото и селективната правда, како и за политичките прогони на власта, реномираниот ‘Економист’ ја рангира Македонија како хибриден режим“, стои во напишаното од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозииската партија реагираат за тендерите во здравството, кои, според оваa партија, биле директно поврзани со министерот Венко Филипче и останале затворени во фиока и за нив немало никаква постапка од страна на ДКСК или Николовски.

„Никаква разрешница не видовме ниту за злоупотреба на европските пари, за тренирање магариња или илјадници евра дадени на фризерски салон. Нема никаква постапка ниту за наместените лиценци за марихуана, ниту за Ден Дончев ниту за ‘Рекет’. Ова се причините за коруптивната жива кал, во која нè доведоа Зоран Заев и неговиот пулен Љупчо Николовски. Затоа, Македонија, наместо да е во друштво со сите европски држави, таа е во друштво со диктатури и нефункционални држави. Николовски треба да си даде оставка веднаш. Одговорност мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, за овие понижувања и деградирања, одговорност треба да има на предвремени парламентарни избори.