23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маж осомничен за тешки кражби, провалил и во Факултетот за земјоделство

Скопското Обвинителство поведе постапка против 24-годишно лице од Свети Николе заради основано сомневање дека сторило кривично дело – тешка кражба.

На 11 февруари, на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во населбата Автокоманда, тој на дрзок начин одзел туѓи подвижни предмети.

„Кога ја забележал оштетената и пристапил од зад грб и ги скинал рачките од чантата која оштетената ја носела во своите раце, ја одзел чантата и избегал. Во чантата имало паричник и други предмети со вкупна вредност од 5.000 денари“, велат од Обвинителството.

Веднаш потоа се упатил кон Факултетот за земјоделски науки и храна, лоциран на улица „16-та Македонска Бригада“, каде се обидел со провалување да одземе туѓи подвижни предмети. Тој насилно ја отворил надворешната врата од амфитеатарот, влегол внатре, продолжил со кршење на врати и пребарување, со цел да пронајде предмети со кои може да се стекне со имотна корист, но бил спречен во намерата од чуварот, кој го затекнал на лице место и настанот го пријавил во полиција.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​