23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Коруновска: Расизмот кон Ромите е луксуз кој не смееме да си го дозволиме

Доколку младите Роми добијат шанса и поддршка, тие може да бидат основа на економското закрепнување и развој. Доколку се намали дискриминацијата на Ромите во Македонија, државата може да ги зголеми приходите на Буџетот од 42 до 116,2 милиони евра годишно. Меѓутоа нивниот успех зависи од надминување на анти-циганизмот кој сега преставува пречка, која тие самите не можат да ја надминат, пишува Неда Коруновска, директор на оддел, Канцеларија за Ромски иницијативи при мрежата на фондации Отворено општество, за Капитал.

Јавните политики во регионот, Ромите ги третираат единствено како социјален проблем кој треба да се реши, или кој најчесто се игнорираа. Отсуствува визија и лидерство да се види потенцијалот кај Ромите, и тие да бидат препознаени како важен ресурс за регионот. Тоа, донекаде, и ја објаснува економската стагнација и слабоста на демократската срж. Барањето на излези од кризата во која сега се наоѓаме поради пандемијата, е можност, работите конечно да се сменат.

Високата цена на расизмот

Пред околу десет години, Светска банка ѝ укажа на Бугарија дека дискриминацијата на Ромите и нанесува буџетски загуби од најмалку 370 милиони евра годишно. За најсиромашната земја во Европската унија, ова е, благо речено, луксуз. Од друга страна, доколку се намали дискриминацијата на Ромите во Македонија, државата може да ги зголеми приходите на Буџетот од 42 до 116,2 милиони евра годишно. Имено, вкупните буџетски придобивки од продуктивноста се меѓу 27,9 и 101,7 милиони евра, додека даночните приходи се во опсег помеѓу 4,0 и 14,5 милиони евра (во зависност дали се користат податоци од Пописот од 2002 за ромското население, или проценките на Советот на Европа од 2012).

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, неодамна за Фајненшл тајмс изјави дека демографскиот пад е најголемата закана за целиот регион. Според Светската банка, во последните две децении од Македонија си заминале 450 илјади жители, а според некои анализи овој број е дури 600 илјади. Од друга страна, демографските трендови кај Ромите се позитивни. Ромите се најмладата и најдинамична популација и во Европа и на Балканот. Ова важи дури и за земјите од регионот кои имаат релативно помладо население, како што се Албанија и Косово. Во Северна Македонија, на пример, бројот на жители на возраст под 30 години е скоро двојно поголем кај Ромите, споредено со останатите.

Во Република Северна Македонија, бројот на образовани млади Роми е најголем во споредба со останатите земји во регионот. Државата го презеде моделот на стипендирање на Роми, од донаторски иницијативи, и иако има уште големи разлики во степенот на образование и потребни се дополнителни напори, досегашните мерки се патоказ што може да се направи. Доколку младите Роми добијат шанса и поддршка, тие може да бидат основа на економското закрепнување и развој. Меѓутоа нивниот успех зависи од надминување на анти-циганизмот кој сега преставува пречка, која тие самите не можат да ја надминат.

Целиот текст на следниот линк.