25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична за кумановец што испорачал дрога во поштенско сандаче

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 40-годишен кумановец со иницијали С. Т. поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, на 14 јануари годинава полицајци во Куманово го забележале пријавениот како влегува во зграда и во поштенско сандаче ставил пакување во кое имало амфетамин.

Пријавениот бил уапсен, а дрогата од поштанското сандаче била одземена.