Штипската полиција поднесе кривична пријава против 31-годишниот Х. В. од Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Како што информираат од МВР, во август минатата година пријавениот на телефон договорил и организирал транспорт на марихуана, скриена во пратка со храна, која преку мајка му била донесена во затворот во Штип.