Министерството за здравство информира дека во моментов се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријавуваат со изразување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19.
Оттаму додаваат дека ќе информираат повторно штом ќе се овозможи целосна функција на веб-страницата.
Инаку, од денеска е пуштена во употреба веб-страницата на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19. Сајтот од утрово има проблеми, а граѓаните се жалеа дека воопшто не можеле да ја отворат страницата.