23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ниту Американскиот совет за здравје правел анализа за ковид статистиката во Македонија, ниту институциите лажирале бројки

Порталот на Американскиот совет за здравје и наука, пред три дена објави статија на истражувачите Ахмад Килани и Георгиос Георгиу во која пишуваше дека одредени држави е можно да пријавуваат погрешни податоци за броевите на КОВИД-19 случаи. На листата земји беше наведена и Република Северна Македонија, а за да дојдат до таквиот заклучок, истражувачите го користеле Бенфордовиот закон.
Бенфордовиот закон или познат уште како прв цифрен закон не се применува како општоприфатена формула за утврдување на точност на статистички податоци. Најмалку пак Бенфордовиот закон во анализата на податоците за Македонија, можел да докаже измама од причина што ковид статистиката не надминала поголем број од 1500 случаи на дневна основа. Законот кој е користен за да ја направат анализата Килани и Георгиу единствено може да докаже измама ако сите бореви кои се анализираат имаат иста веројатност да се појават, а тоа може да се случи единствено ако броевите опфаќаат широк опсег од 100 до 10.000.000. Со мали серии бројки, како што е случајот кај нас, Бенфордовиот закон е апсолутно нерелиабилен. Како пример, за да може да се откире лажирање на бројките во Македонија, би требало во едно деноноќие да имаме најмалку 10.000 или повеќе ковид случаи.

Објавениот текст кој пред два дена се објави на Американскиот совет за здравје и наука, не беше ниту нивно истражување, ниту пак стануваше збор за спроведена анализана оваа американско тело, туку на порталот на Советот беше објавена статија на двајцата истражувачи.
Текстот на Ахмад Килани и Георгиос Георгиу кај нас доби и политичка димензија, опозициската партија ја искористи да критикува, а на иста линија со опзоцијата беа и дел од медиумите.