10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Жител на Шипковица купил „бмв“ со фалсификувани евра

Жител на селото Шипковица, Тетово, купил „бмв“ со фалсификувани евра. Сопственикот на автомобилот, иако знаел дека парите се лажни, се обидел да ги стави во промет.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против И. А. (45) од тетовска Шипковица и Б. Е. (48) од тетовска Долна Лешница поради основи на сомнение дека сториле кривично дело фалсификување пари.

Пријавениот И. А. се сомничи дека во септември минатата година од Б. Е. купил автомобил „бмв“ и му платил со фалсификувани 4.500 евра, а Б. Е., иако знаел дека се фалсификувани банкнотите, не ги пријавил и во неколку наврати се обидел да ги пушти во промет.

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +