26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата: Финансиска поддршка на регионалните системи за управување со отпад

Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребните средства за воспоставување регионален систем за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и во Полошкиот Регион и го задолжи Министерството за финансии, во соработка Министерството за животна средина и просторно планирање, да почне постапка за обезбедување заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување регионални системи за управување со отпад во овие региони.